Американскиот актер Метју Пери, најпознат по улогата на Чендлер Бинг во популарната ТВ серија „Пријатели“, почина на 54 години. Пери бил пронајден мртов во неговиот дом во Лос Анџелес, соопштиле од полицијата. Бил пронајден без знаци на живот во бањата од неговиот дом.
Од Ворнер Брос ТВ, кои беа продуценти на „Пријатели“ велат дека се потресени од веста.
– Метју беше неверојатно надарен актер и нераздвоен дел од Ворнер Брос. Влијанието на неговата комична генијалност го сврте целиот свет и неговото наследство ќе продолжи да живее во срцата на многумина. Ова е тежок ден и испраќаме љубов до неговото семејство, неговите сакани и неговите посветени фанови – напишаа од телевизиското студио во соопштението до јавноста.

Метју Пери е роден во Масачусетс во 1969 година, а растел во Отава, Канада. Како тинејџер се преселил во Лос Анџелес каде имал неколку улоги во телевизиски серии.
Сепак, неговата светска слава ја стекна со „Пријатели“ каде глумеше заедно со колегите Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Дејвид Швимер и Мет Лебланк. За неговата улога на Чендлер доби номинација за наградата „Еми“ во 2002 година.
Метју Пери со години се бореше со зависноста од дрога и алкохол.
Фото: Јутјуб принтскрин





