Почна снимањето на „Сценариото“ во режија на Александра Кардалевска

На локации во Скопје почна снимањето на краткометражниот игран филм „Сценариото“, по сценарио и режија на Александра Кардалевска. Продукцијата е на „Лајт продакшн“, во соработка со „Круг филм“ од Скопје, „Алка филмс“ и „Кубе студиос“ од Албанија и „Иконе студио“ од Косово.

„Сценариото“ е фантастична приказна за неколку познати ликови од литературата кои излегле од своите оригинални дела за да се во „Сценариото“, обидувајќи се да излезат од него. Главните улоги ги толкуваат Драгана Костадиновска, Огнен Дранговски, Атанас Атанасовски, Игор Ангелов, Симеон Дамевски и Ана Стојановска.

Продуценти се Александар Крстевски и Дејан Крајчевски, директор на фотографија е Душан Кардалевски, сценограф е Влатко Чачоровски, костимограф – Маја Ѓуреска, шминкер – Снежана Ангеловска и снимател на тон – Дарко Спасовски. Проектот е финансиран од Агенцијата за филм на Македонија. Снимањето ќе трае до 24 декември.

Фото: Димитри Геукене

Сподели