Здружението на копаничарите на Македонија ја одржа 38. колонија во манастирот „Св. Јован Бигорски“, од 18 до 22 октомври. Настанот го беше поддржа Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер од Скопје. Колонијата ја отвори ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова, а со пригодна реч се обратија и деканот на ФДТМЕ, проф. д-р Ѓорги Груевски, како и претседателот на Здружението на копаничарите, доц. д-р Никола Михајловски и аргимандрит Доситеј од Бигорскиот манастир.

На колонијата учествуваа вкупно дванаесет учесници, истакнати членови на здружението и четири студенти на Факултетот кои активно го изучуваат резбарството. Особено е значајно што по изминати дваесет и пет години колонијата повторно се одржува во Бигорскиот манастир, со тенденција одржувањето во манастирот на оваа годишна активност на здружението да прерасне во традиција.







