Пливачот Александар Илиевски освои трето место на првата трка од серијат ултра маратони што се одржа во Робервал, на езерото Сен Жан. Тој исплива 32 километри за 7:18.48 часа. На четврто место се пласира вториот претставник од Македонија, Евгениј Поп Ацев со време 7:53.15 часа.
– Конечно подиум на едно големо натпреварување од светски рамки. Освоено трето место на еден од најтешките маратони во мојот живот – објави Иливски.

Должината на трката не била најголемиот проблем, туку температурата на водата, ветерот и брановите што го отешнуваат пливањето. Илиевски вели дека успеал да се справи со хипотермијата на телото во првите 3 часа, ја пребродил и психики кризата.
– Пресреќен сум, затоа што ретко кој ја има таа чест да се качи на овој подиум. После Теодора Раптис, Томи Стефановски и Евгениј Поп Ацев, оваа чест ја имав и јас – вели Илиевски.
Тој е тренер во скопскиот триатлон-клуб Triogy Racing.






