Филмот „Опенхајмер“ освои пет награди „Златен глобус“ во неделата вечер, вклучувајќи ја и главната награда за најдобар филм. Килијан Марфи ја доби наградата за најдобар актер, а неговиот колега Роберт Дауни Џуниор беше награден за споредна улога. Кристофер Нолан ја доби наградата за најдобар режисер за најдобра драма.

Кристофер Нолан
Комедијата „Кутрите нешта“ (Poor Things) на Јоргос Лантимос со Ема Стоун во улогата на почината жена која научниците ја оживеаа, ја победи „Барби“ во трката за најдобра комедија или најдобар мјузикл. „Барби“ на режисерката Грета Гервинг ја освои наградата за филмско остварување и најголема заработка, со заработка од 1,4 милијарди долари ширум светот.
За најдобар странски филм е прогласена француската драма „Анатомија на падот“ (Anatomy of a Fall), која ја доби наградата и за најдобро сценарио.
На следниот линк, видете ги сите наградени.





