Еден од најчитаните текстови на Умно.мк во 2023 година е текстот за словенечката комедија „Нешто слатко“ (Nekaj Sladkega) во режија на ТВ-ѕвездата и стендап-актерот Тин Водопивец, со Сашко Коцев и Јелена Јованова играат главни улоги. Коцев е и копродуцент на филмот, а заедно со сценаристката Уршка Мајдич се потпиша и на сценариото на комедијата. Јованова е копродуцент од Хрватска. Како се случи оваа соработка? Коцев за Умно.мк сподели дека Водопивец му е негов пријател од повеќе од десет години и заедно имаат настапувано на многу стендап-настапи во Скопје, Белград, Хрватска, Словенија…
– Уште прв пат кога се сретнавме сфативме дека имаме многу слична смисла за хумор и пристап кон хуморот, размислување, естетика и често си разменувавме филмови, посебно француски. И често ми вели дека му личам на стендап актерот Гад Елмале. Беше корона, и ми се јави да ми каже дека има сценарио и кога го прочитав веднаш сфатив дека за мене го напишал главниот лик. Ова е тешко да прифатам, да се сними, му реков, ако заедно го допишеме сценариото, да дојдам, нема проблем. Така и се случи, тоа беа прекрасни осум дена во Словенија. Заедно со Уршка го доработувавме. За жал мораше да претрпи многу промени поради ограничениот буџет. Доста инвеститори се откажаа, а филмот немаше пари од Словенечкиот центар за филм – вели Коцев.
Целиот текст на линкот.