Песни на Јулијана Величковска објавени во Азербејџан

Песните „Вода“ и „Отворена книга“ на писателката и поетеса Јулијана Величковска се објавени во неделникот за литература и уметност „Едебијат газети“ („Литературен весник“) во Азербејџан. Препевот е дело на поетот Ферид Хусеин.

„Едебијат газети“ е еден од најстарите и најчитаните неделници за литература и уметност што се објавува од 1934 година во Баку, Азербејџан. Весникот до 1991 година излегувал како гласило на Друштвото на писателите на Азербејџан и на Министерството за култура на Азербејџан, а оттогаш е гласило на Друштвото на писателите. „Едебијат газети“ излегува од печат секоја сабота, на 32 страници, во 1.700 примероци.

Сподели