Осум докторки на науки промовирани на УКИМ

Осум докторки на науки, сите од областа на медицината и здравството беа промовирани вчера во аулата на ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во свечена атмосфера, ги промовираше ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски.

Во доктори на медицински науки – клиничка медицина беа промовирани: Цветанка Ѓеракароска-Савевска, Зорица Нановиќ, Смиљана Бундовска-Коцев, Лидија Ветеровска-Миљковиќ, Виолета Дејанова-Илијевска, Анета Сима, Весна Ливринова и Ана Лазарова. Сите одбраниле докторски дисертации на Медицинскиот факултет во Скопје.

Фото: УКИМ

Сподели