Во Националниот музеј „Секели“, во градот Сфанту Георге, Романија македонскиот сликар Сергеј Андреевски задутре во 17 часот ќе одржи сликарски перформанс. Настапот ќе биде музички придружуван од Миклош Деметер, познат етнограф и изработувач на музички инструменти.
Андреевски ќе се обие на публиката да ù го доближи својот свет и својата татковина, Македонија. Настанот е дел од низа активности со коишто Националниот музеј „Секели“ одбележува 150 години од формирањето.
– Исклучително голема е честа што сум поканет со свој авторски печат да дадам придонес кон одбележувањето на еден значаен јубилеј во Европа – вели Андреевски.
Насловна фотографија: Од сликарскиот перформанс со Македонска филхармонија / Фото: Сашо Димоски





