Осуммина млади научници, уметници, таленти го добие признанието „Успешни млади“ за 2022 година што го доделува претседателот Стево Пендаровски.
-Тие треба да бидат и да останат нашиот модел според кој новите генерации ќе се однесуваат и создаваат вредности. Да ги поддржиме младите и соодветно да ги вреднуваме и наградиме нивните постигнувања – посочи Пендаровски.

Ова се наградените:
д-р Милка Ивановска Хаџиевска – Најдобра млада научничка во општествените науки;
д-р Бобан Карапејовски – Најдобар млад научник во хуманистичките науки;
д-р Гордана Каплан – Најдобра млада научничка во природно-математички и технички науки;
Филип Конески – Најдобар млад научник во медицинските науки;
Марио Ванчоски – Млад талент;
Кристијан Лазарев – Признание за постигнат особен успех и за афирмација на инклузијата;
Дарја Ризова и Ќендрим Ријани – Најдобри млади уметници





