Од кого сакате да научите какви да „бидете“ – од Марк Цукерберг или од вашите соседи?

Креативните луѓе ги прават тие важни физички простори реални, безбедни и привлечни – ценете ги, вели Енди Брејдон, креативен директор и основач на меѓународната организација Curated Place

Креативните индустрии наскоро ќе бидат масовно погодени од моќта на вештачката интелигенција и уште пософистицираните дигитални алатки кои се појавуваат. Несомнено ќе има голем пресврт за тоа како се создаваат и консумираат уметностите, културните производи. Инвестирањето во човечкиот фактор е апсолутно суштинско за да се обезбеди уникатноста на едно место, вели Енди Брејдон, креативен директор и оновач на меѓународната организација Curated Place. Тој престојува во Скопје преку Британскиот совет и ќе учествува на Форумот на креативни индустрии што ќе се одржи во „Синеплекс“ на 28 ноември, а го организира здружението „Балкан синема ситис“ и Унијата на македонски организации во креативните индустрии УМПАКИ.

Која е целта на Вашата посета на Скопје?

– Тимот на Curated Place спроведува обука за професионален развој за креативни продуценти од Западен Балкан од 2020 година, а Британскиот совет им помага на креативците подобро да го структурираат својот процес и да го дефинираат својот креативен простор. Елена Бојаџиева-Цветковска, претседател на УМПАКИ учествуваше на нашиот курс 2022/23 и ме покани да ја претставама нашата работа за да придонесам во разговорите за градење одржлив креативен сектор. Изминатите три години темелно го анализирав и разбрав огромното количество таленти и амбиции во Северна Македонија и малку придонесов за Скопје, Европска престолнина на културата 2028, ја искористив шансата да ги поддржам возбудливите случувања во културата во Скопје и пошироко.

Од Вашето огромно искуство во изминатите две децении, што би го дефинирале како најголем потенцијал на креативните индустрии во моментов?

– Креативните индустрии наскоро ќе бидат масовно погодени од моќта на вештачката интелигенција и уште пософистицираните дигитални алатки кои се појавуваат. Несомнено ќе има голем пресврт за тоа како се создаваат и консумираат уметностите, културните производи и искуства заедно со уште поголем општествен пресврт околу тоа чиј глас се слуша и кои се нашите основни искуство во образованието, работата и секојдневниот живот. Постои огромен ризик целата оваа генеративна содржина да биде за еднократна употреба и празна како моментален рил на Тикток или Инстаграм на кој му недостасува длабочинаа, остроумноста и непредвидливоста на вистинската човечка креативност. Инвестирањето во човечкиот фактор во уметноста и културата како креатори, не само како консументи е апсолутно суштинско за да се обезбеди уникатност на едно место. Силата на идентитетот и сложеноста на искуството се вреднуваат и негуваат надвор од бинарен алгоритам. Во извесна смисла, најголемиот потенцијал на креативните индустрии е и нивниот најголем предизвик во сè посистематизираниот свет – неговата способност да ги помести границите и да ја прифати разликата. Најголемиот потенцијал на креативните индустрии за мене е во способноста да се премостат овие дигитални и органски времиња што доаѓаатпреку соработка.

Многу организации од овој сектор се борат да ја задржат својата одржливост. Кои се клучните точки во стратешкиот развој за долгорочна одржливост?

– Сè што прави Curated Place е да ја подобри вредноста на креаторите и креативните индустрии и целосните сектори, не само на уметниците. Развивањето на одржлив сектор значи посветеност од сите вклучени во едно место – не само уметниците и креаторите, туку и политичарите, бизнисите, заедниците и жителите кои имаат удел во оваа појавна работа што ја нарекуваме култура. На многу креатори основниот поттик им е да направат нешто. Тоа е неизбежна желба која оди подалеку од производството и повеќе eизраз на нивното битие. За жал, ова редовно резултира со тоа што креативните поединци и организации сфаќаат дека оваа нивна желба е искористена, како и нивните таленти кога станува збор за обезбедување ресурси. Нашата работа во делот на развој, производство и обука се стреми да помогне да се воспостават процесите и границите што го штитат и финансиски го вреднуваат креативниот простор на уметниците и креативците. Истовремено им помагаме на оние надвор од секторот да разберат што се случува и зошто е вредно (без да ја откриеме магијата) – еден вид врска помеѓу надворешните сили на бизнисот и политиката и вредностите.

Често основите ги наоѓаме во великодушноста, љубезноста и грижата, но понекогаш во конфликти, контрадикторности и комплексности. Како продуценти, наша работа е и да ги негуваме уметниците и нивната работа, но и да преговараме за финансиската вредност на сите во областа и експертизата која толку често е избришана во трансакцискиот свет. Ова бара колективен напор од секторот и од оној кој треба да работи во рамките на договорените параметри. Целта ни е да го изградиме секој аспект од секторот со разбирање на синџирот на вредност во процесот, не само на производите на уметноста и културата. Така уметниците, продуцентите, техничарите, маркетерите и сите вклучени во создавањето одлична култура имаат доверба, јазик и мрежа за да ја бранат својата вредност преку добро дефинирани процеси и стандарди кои овозможуваат да се случат среќни несреќи, истражувања и креативни моменти на еурека. Клучниот фактор за одржливост е разбирањето дека производите на уметноста и културата се само врвот на ледениот брег, моментален прозорец на целиот екосистем на креативноста. За вистински да напредува целиот сектор не треба да се негуваат само уметниците.

Зошто е важна меѓународната соработка помеѓу уметниците?

– Многу места паѓаат во стапицата на фокусирање на производство на уметнички проекти и хиерархии преку одржливи креативни мрежи – само гледајќи кон крајниот производ како успех. Изложбата, отворањето, фестивалот нудат фотогеничен моментален успех, но доколку се фокусираат исклучиво на домашната публика, пазарите и учесниците, тие резултираат со ограничени можности за развој и ограничување на потенцијалот на едно место. Локалните уметници се принудени да ја носат ознаката „локално“ како тежина што ги задржува. Оние, пак, доволно среќни да се пробијат до пошироката публика имаат една шнаса во домашниот музеј или галерија, а потоа се исклучени откако им „поминал редот“ во искористувањето таленти. Слично на тоа, сите менаџери за уметност се натпреваруваат за неколку врвни работни места кои се менуваат еднаш во генерација, а ограничените средства достапни од неколку законски добротвори или стагнираат во безбедна зона или постојано се менуваат во неконзистентниот систем кој не успева да го негуваат секторот.

Ова постојано гледање навнатре барајќи успех, останува потпора во секторот што може да се промени со индивидуална одлука и не создава одржлива креативна економија, туку хиерархија неспособна за раст и не може да одговори на темпото на промени во модерното светот. Денес секое место е фундаментално вмрежено и секој млад човек расте во свет кој е миговно поврзан.Прифаќајќи ги меѓународните врски, културниот сектор може да ги научи најдобрите практики без граници, реобликувајќи ги лекциите за локални нијанси и да ги прифати можностите на вмрежениот свет кој постојано е во потрага по нешто ново, уникатно и автентично во своето место. Од суштинско значење е градовите и земјите да сфатат дека се во конкуренција со секое друго место (физичко или виртуелно), како место каде живее најдобриот талент. Ова може да се прифати со пркос и спротивставување на промените или со прифаќање на најдоброто што светот има да го понуди и да ги охрабри креативните заедници да го употребат дома. За да продолжат да се враќаат дома, од суштинско значење е местата да овозможат развој на креативни кариери, не само проекти. Секој во креативниот сектор денес треба да биде свесен за своите меѓународни колеги – на тој начин може да се создаде одржлив проток на идеи, ресурси и можности, во спротивно постои реална опасност креативните заедници кои дефинираат возбудливи места да бидат одвлечени на друго место.

Зошто организациите кои работат во креативните индустрии треба да го вклучат јавниот простор во својата работа? Која е најголемата придобивка од оваа симбиоза?

– Физичката интеракција денес е поважна од кога било во дигиталните ехо комори што ги создадовме. Од кого сакате да научите какви да „бидете“ – од Марк Цукерберг или од вашите соседи? Креативните луѓе ги прават тие важни физички простори реални, безбедни и привлечни – ценете ги.

Сподели