Отворен повикот за млади европски амбасадори

Отворен е повикот за новата генерација млади европски амбасадори. Платформата „Млади европски амбасадори“ е енергична мрежа која ја сочинуваат млади активисти од нашата земја, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и од Србија. Младите европски амбасадори доаѓаат од различни средини, но ги обединува заедничката визија за Западен Балкан обединет со разноликост, меѓусебно разбирање и соработка со Европската Унија.

– Мрежата на МЕА е отворена за млади од различни средини, со разни интереси и пасии. Секој потенцијален млад европски амбасадор носи со себе визија – и без оглед на тоа дали станува збор за визија за придонес кон зелена трансформација на заедницата, развој на нов софтвер, застапување на човековите права или одгледување органска храна на семејната почва, секој потенцијален млад европски амбасадор придонесува кон разноликоста и унапредувањето на заедницата – велат организаторите.

Може да аплицираат сите млади на возраст од 18 до 29 години од Западен Балкан до 31 октомври.

Сподели