Летната сцена „Славиша Кајевски“ на платото пред Македонскиот народен театар во Скопје беше целосно исполнета завчеравечер на концертот на „Архангел“. Публика од различни генерации ги пееше стиховите на Ристо Вртев. Атмосферата како и секогаш на концертите на „Архангел“ – експлозија и синтеза од музичка енергија и стихови. Почувствувајте ја низ нашиот објектив.