Во просториите (индустриската хала) на центарот „Лабораториум“ во Скопје (на бул. „Климент Охридски“ бр. 68) денеска напладне ќе биде отворен просторот наменет за дизајнери и занаетчии кои изработуваат производи и нудат услуги во полето на текстилот, накитот, модните додатоци, индустриски производи, мебел, дизајнерски производи наменети за деца, за домот, осветлување итн. со фокус на рачната изработка, одржливоста, еколошкото и етичко производство. Новиот простор ќе работи од вторник до сабота од 12 до 18 часот.
– Идејата на маркетот е да им се понуди на македонските дизајнери најдобриот начин на поддршка, а тоа е продажба на нивните производи, директно во маркетот и на интернет продавницата. Со основањето се очекува да се створи заедница меѓу дизајнерите од која ќе зајакне локалната дизајнерска сцена, ќе произлезат соработки и заеднички ќе се делува на подобрување на довербата на клиентите во македонскиот дизајн – велат организаторите.





