Отворање на изложбата „90 години од раѓањето на Стефан Маневски (1934 – 1997)“

Во Даут-пашиниот амам во Скопје вечерва во 20 часот ќе биде отворена јубилејната изложба „90 години од раѓањето на Стефан Маневски (1934 – 1997)“. Маневски се смета за еден од најинвентивните македонски скулптори, еа неговото творештво е особено важно за еволуцијата на македонската скулптура. Изложбата е дел од мисијата на Националната галерија да ги чува и презентира најсеопфатно можно достигнувањата на најзначајните македонски уметници. Куратори на изложбата се Маја Чанкуловска-Михајловска и Маја Неделкоска-Брзанова, а текстовите се на Викторија Васева-Димеска и Чанкуловска-Михајловска. Во подготовката на изложбата се вклучени семејството Маневски, Музејот на современата уметност од Скопје и Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Охрид.

– Местото што го зазема Стефан Маневски во македонската историја на уметноста се должи на неговиот исклучително индивидуален, автентичен и рафиниран однос кон скулпторскиот израз, кој следи една логична и нагорна развојна линија, особено нагласена во неговата продлабочена визија за трансформација на металот, материјал што за него нуди бескрајни експериментални можности низ кои ги преточува повеќеслојните естетски егзистенцијални доживувања на современиот свет – велат кураторите.

Повеќе информации на линкот.

Сподели