Новата кафе-книжарница „Илика“ ќе биде отворена денеска од 11 до 19 часот на „булевар „Партизански одреди“ бр. 7 во Скопје. Покрај изданијата на издавачката куќа „Илика“ ќе може да најдете одбрани изданија на издавачките куќи Или-Или, Темплум, Полица, Антолог, Бегемот, Сигмапрес, Бункер, ПНВ Публикации, Сказнувалка, Артконект и Слово.
– Пробајте го нашето кафе и купете си некоја нова книга, а ние ќе ве почестиме со вкусни домашни колачиња и домашно вино. Низ разговор ќе ви раскажеме нешто повеќе за изборот на книги кој го направивме во склоп на темата за месец февруари „Ајде да летаме“. Дојдете да летаме заедно и заеднички да создадеме нов простор за книжевни средби, разговори и откритија – велат од „Илика“.





