„Откривање на нашата природа“ во „Ко-ра“

„Откривање на нашата природа“ е насловена изложбата од Ивона Велковска, Катерина Филиповска-Стефановска и Розета Картова, отворена во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје. Тие се претставуваат со дела изработени во акрил, масло и комбинирани техники на платно и со фотографски записи, Куратор на изложбата е Виолета Калиќ. Според неа, современото живеење и технолошкиот напредок сè повеќе го оддалечуваат човекот од природата, од себеси, а со тоа и од човечноста.

– Затоа секој допир со природата отвора нови хоризонти, создава ново чувство на слобода, убавина и длабока поврзаност која треба да биде не само доживеана, туку и сочувана, негувана. Уметниците го споделуваат своето лично доживување на природниот свет и неговата нераскинлива поврзаност со човечката внатрешна состојба, како и со духовната и емоционална рамнотежа – вели Ивона Велковска, авторката на проектот.

Сподели