Општинската сала во Кривогаштани стана сала за културни манифестации

Општинската сала во Кривогаштани е преадаптирана во мултифункционална сала за културни активности и манифестации. Проектот е реализиран со 4,5 милиони денари од капиталните дотации од Mинистерството за култура. Објектот вчера го посети министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. Таа се сретна со градоначалникот Николче Мискоски и ја поздрави иницијавата и ангажманот за проектот.

Костадиновска-Стојчевска рече дека унапредувањето на културата и нејзината достапност за сите граѓани се од особено значење за нејзиниот непречен развој. Мискоски рече дека ова значајно ќе се подобри квалитетот на животот на граѓаните во општината и ќе се овозможи рамномерен регионален културен развој.

Сподели