Актерката Надица Петрова ќе го изведе своето шоу „One wo|man show: Која сум јас?“ вечерва во 19 часот во Домот на културата во Валандово. Актерката најавува лудо женско шоу. Прашањето: Кој/а сум јас? е прашање кое е невозможно да се игнорира. Ова прашање се појавува секогаш во моментите на очај, празнина и презаситеност. Одговорот најчесто е непријатен и тежок за прифаќање. Кога не знаеме како да излеземе од навидум безизлезната ситуација, хуморот е најсилната алатка која работи во наша полза, помага да ги прифатиме работите какви што се и не турка да продолжиме понатаму.
Низ овој перформанс, актерката многу искрено ни се приближува и не запознава со проблемите на припадничките на женскиот пол. Наметнатите идеи и вредности, како и суровата борба за свој сопствен избор кои резултираат со неправда, таа ги изнесува на тапет и умешно ги иронизира.
Продукцијата е на театар „Златен Елец“.





