Одлична џез верзија на „Елено ќерко, Елено“ со Филип Динев и Јулија Холуб (ВИДЕО)

Гитаристот Филип Динев на својот јутјуб-канал ја објави џез-верзијата на познатата македонска песна „Елено ќерко, Елено“. Со него настапува украинската пејачка Јулија Холуб.

Динев пред еден месец ја прими наградата за најдобар млад музичар за 2020 што му ја додели Интернационалниот џез фестивал (Jazz Factory) од Битола. Роден во Гевгелија, тој во последните години живее во Хамбург каде е фокусиран на своите магистерски студии.

Насловна фотографија: Youtube

Сподели