Одржливиот развој мора да биде врвен приоритет за сите, во сите наши акции и одлуки, беше заклучено вчера на одбележување на Денот на Обединетите Нации во Градскиот парк во Скопје. На средбата присуствуваа претставници од државните институции и граѓанското општество, од приватниот сектор и академските кругови и претставници на дипломатскиот кор.
Претседателот Стево Пендаровски рече дека земјава не само што е целосно посветена на Парискиот договор, туку, на врвот на пандемијата, усвоивме ревидиран, амбициозен национален план за придонес кон намалување на емисиите на стаклени гасови.
– Многу од акционите планови за климата се директно поврзани со Целите за одржлив развој и кореспондираат со зелената агенда на Европската унија. За подобра иднина, клучно е да имаме заедничка визија за развојот на земјата – рече Пандаровски.
Тој потенцира дека целосно ја поддржува претстојната изработка на Националната стратегија за развој 2021-2041 година, како дел од комплементарниот процес на градење визија за иднината којашто го опфаќа целото општество. Преку образованието, денес треба да се подготвуваат граѓаните на иднинат.
– Неопходно е да се едуцира генерација на луѓе кои ќе го почитуваат достоинството на различностите. Убеден сум дека Обединетите Нации, како единствена меѓународна организација, ќе одиграат незаменлива улога во градењето на таква иднина за светот во 21-от век – рече Пендаровски.
Росана Дуџак, постојан координатор на ОН во земјава истакна дека мора да разбереме дека. Тие не им припаѓаат на ОН, на Владата или на која било друга организација или група на луѓе.
„Тие ни припаѓаат на сите нас. Без разлика дали нашите напори се засноваат на Агендата 2030, процесот на пристапување во Европската Унија или на националните приоритети, ние во принцип работиме на истата платформа и, на крајот на краиштата, на истата цел – забрзување на одржливиот развој за доброто на сите – изјави Дуџак.
Таа посочи дека одржливиот пристап мора да биде интегриран во секој домен од нашето свесно и несвесно делување, од изборот на храната што ја јадеме, до влијанието што го имаме врз пријателите, семејството, заедницата и нашата планета. Дуџак ја најави повеќегодишна отворена кампања „Се грижам “, чија цел е мобилизација на организации и личности од сите сегменти од општеството за активно да придонесат кон заедничката определба за позелена, подобра и поодржлива иднина.





