Град Скопје го објави првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, според критериумите од Брисел. Ова е првиот јавен повик за финансирање на културно-уметнички проекти во рамки на програмата. Со отворањето на овој конкурс, Скопје влегува во нова фаза во која идеите треба да прераснат во реални, одржливи и европски релевантни културни проекти, велат од Градот.
Се бараат проекти со:
– силен концепт и јасна европска димензија
– општествена и културна вредност
– професионална реализација
– подготвеност за работа во комплексен и динамичен процес
Првата фаза на селекција на аплицираните проекти ќе ја спроведе независното тело ,,Скопје 2028”, врз основа на формалните и квалитативните критериуми утврдени во јавниот повик. Втората фаза на селекција ќе ја спроведе Главното жири, составено од двајца домашни експерти, уметничкиот раководител, како и два меѓународни експерти од Европската Унија, согласно добиените стручни насоки, добиени по консултација со администрацијата во Брисел.
Проектите избрани преку овој меѓународен конкурс ќе станат дел од официјалната програма на „Скопје 2028“ и ќе се реализираат низ целиот град и во сите десет општини, како во институционалните простори, така и на јавни локации. Ова е еден од неколкуте повици кои ќе бидат објавени во иднина.
Може да се аплицира на следниот ЛИНК.





