Членови на нуркачкиот клуб „Акватек“ од Охрид реализираа викендов го чистеа Охридското Езеро од разни отпадоци. Во акцијата, што се реализира на 7 степени Целзиусови, учествуваа Игор Буловски и Никола Паскали.
Тие повикаа да се престане да се користи пластиката за еднократна употреба.
– Сè друго е вртење во круг, а повеќе време немаме за вртење кругчиња, другари и другарки. Стоп за пластика, да за чиста околина – велат нуркачите.





