Современа лабораторија за скулптура во дрво доби Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со поддршка од Ротари клуб од Скопје и компанијата „Маквелд ДОО“. Новата лабораторија е дел од Катедрата за скулптура и трансмедиумски практики и претставува значаен чекор во унапредувањето на условите за настава, истражување и креативна работа на студентите.
– Просторот е опремен со рачни и полустационарни електрични алати кои овозможуваат современ пристап кон обработката на дрво, експериментирање со различни материјали и развивање на оригинални уметнички изрази. Вистинскиот напредок се гради заедно, затоа e важна соработката помеѓу академската заедница, граѓанските организации и бизнис секторот во создавањето подобри услови за младите уметници – вели проф. д-р Славица Јанешлиева, деканка на ФЛУ.





