Научна дебата за климатските промени

„Заштита на животна средина, климатски промени, одржлив развој и високото образование во Република Северна Македонија“ е насловена научно-стручна дебата шт ќе се одржи денеска во 11 часот во Europe House Скопје. Целта на дискусијата е да отвори дебата за значајни прашања за заштитата на животната средина, одржливиот развој и друго.
– Преку анализа на состојбите со застапеноста на овие области во студиските програми во високото образование, ќе се анализираат состојбите и ќе се предложат решенија за нивно подобрување. Дискутантите ќе имаат можност да дебатираат за влијанието на високото образование во образование на кадри од областа на животната средина, како и создавање на потенцијал во човечки ресурси за имплементирање на глобалните политики за овие значајни прашања – велат од Независниот академски синдикат (НакС).

На дебата ќе учествуваат повеќе академици и професори.

Сподели