На градските гробишта „Бутел“ во Скопје денеска ќе биде погребан актерот Трајче Ѓоргиев. Од 14 до 15 часот ппсмртните останки ќе бидат излоѓени во капелата во „Бутел“. Комеморацијата на која семејството, блиските пријатели, колеги и познаници ќе му оддадат почит, ќе се оддржи во утре (6 јуни) во Македонскиот народен театар во 12 часот.
Ѓоргиев, актерот на Македонскиот народен театар и пантомимичар почина завчера, на 55-годишна возраст. Тој беше посветен актер на физичкиот театар, кого во последните 16 години го издигна на повисоко ниво создавајќи го ПАНФИЗ, меѓународниот фестивал за пантомима и физички театар. Ѓоргиев дипломира на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра, во класата на проф. Љубиша Георгиевски, во 1991 г. Дел беше од МНТ повеќе од триесет години.