Научниците Каталин Карико и Дру Вајсман ја добија Нобеловата награда за медицина

Унгарската биохемичарка Каталин Карико и американскиот научник Дру Вајсман ја добија Нобеловата награда за физиологија или медицина. Тие се наградени за нивниот придонес во развојот на мРНА вакцина против коронавирусот. Според Комитетот што ја доделува наградата, нивните наоди биле клучни за развојот на ефективни мРНА вакцини против коронавирус за време на пандемијата што започна на почетокот на 2020 година.

Неделава Нобеловиот комитет на Институтот „Каролинска“ во Стокхолм ќе ви соопшти и одтанатите добитници на една од најпрестижните награди за наука во светот. Денекса и утре ќе бидат сооштени лауреатите на Нобеловата наградата за физика и хемија, а во четврток – за литература. Во петок ќе биде соопштен добитникот на Нобеловата награда за мир.

Нобеловите награди се иницирани и се доделуваат во чест на Алфред Нобел (1833-1896), пронаоѓачот на донамитот. Наградите на добитниците ќе и бидат врачени традиционално на церемонија на 10 декември, годишнината од смртта на Нобел.

Илустрација: Никлас Елмехед / Извор: Nobel Prize

Сподели