„Архетипови и археологија: Дали археолозите неправедно го занемариле Јунг?“ е насловен трудот на докторандот Игор Ефтимовски и професорот Никос Чаусидис, објавен во меѓународниот научен зборник „Филозофија, когниција и археологија“ во издание на Филозофскиот факултет во Белград.
Ефтимов вели дека дури и по 63 години по неговата смрт, делата на Карл Густав Јунг остануваат да сведочат за еден брилијантен ум кој длабоко проникна во човековата психа и ни понуди модел кој го одговара вечното прашање: Како е можно исти или слични културни манифестации и симболи да се пројавуваат во заедници кои никогаш немале контакт помеѓу себе?
– Додека тогашните археолози беа длабоко втемелени во нивните недогледни дифузионистички мрежи, Јунг понуди еден поинаков пристап. За жал, археолозите никогаш не го препознаа неговото вистинско значење за развојот на археолошката теорија. Денес, кога во популарната култура се соочуваме со слични апсурдни дифузионистички теории за изгубени цивилизации и вонземјани, се надеваме дека овој труд ќе ја поттикне реевалуацијата на Јунговите архетипови во археологијата како соодветен одговор на наметнатите дилеми – вели Ефтимов.
Целиот труд прочитајте го на линкот.





