Натпревари за стипендии во средното училиште „Јахја Кемал“

Во приватното средно училиште „Јахја Кемал“ во Скопје во недела (19 февруари) во 10 часот организира натпревар по математика и физика за доделување на стипендии. Основните училишта или предметните наставници по математика и физика во електронска форма можат да пријават најмногу 10 ученици од своето училиште. Краен рок за пријавување е петок (17 февруари).

– Од денот на отварањето и почетокот на реализација на воспитно-образовна дејност, „Јахја Кемал“ постојано организира или е домаќин на повеќе научни, социјални, културни, спортски и други активности. Целта на овие активности е да се мотивираат учениците да посветат повеќе внимание на науката и образованието, а како резултат на постигнатиот успех од натпреварите да се наградуваат и да им се доделат стипендии за упис во нашето училиште – велат од училиштето.

Во ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје можат да се пријавуваат училиштата од општините Карпош, Гази Баба, Аеродором, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Центар, Чаир, Сарај, Бутел, Петровец, Илинден. Пријавувањето е на имејл адресата: skopje@ykc.edu.mk.

Во ПСУ „Јахја Кемал“ – Тетово можат да се пријавуваат училиштата од општините Тетово, Боговиње, Теарце, Желино, Брвеница, Јегуновце, Гостивар, Врапчиште и Маврово Ростуше. Пријавувањето е на имејл адресата: orhan.mustafa@ykc.edu.mk

Сподели