Струшките вечери на поезијата во соработка со Амбасaдата на Кралството Шпанија организираат свечен настан Чествување на лауреатот на СВП, Хусто Хорхе Падрон денеска точно на пладне во Паркот на поезијата- Струга.
Хусто Хорхе Падрон, лауреат на Струшките вечери на поезијата за 1990 година, но и голем пријател на Струшките вечери на поезијата е роден на 1 октомври 1943 година, а почина на 11 април, 2021 година.
Во рамки на програмата на настанот, по официјалните обраќања ќе бидe oдржана беседа за Хусто Хорхе Падрон и неговиот придонес како пријател на Струшките вечери на поезијата од страна на нашиот истакнат универзитетски професор и поет Иван Џепароски, по која следува читање на поезијата на лауреатот. Специјални гости на настанот се членовите на најблиското семејство на лауреатот: неговата сопруга Клементина Филипова де Хорхе Падрон, и Лара де Хорхе Филипова, нивната ќерка.





