Настан посветен на две години од смртта на Хусто Хорхе Падрон

Струшките вечери на поезијата во соработка со Амбасaдата на Кралството Шпанија организираат свечен настан Чествување на лауреатот на СВП, Хусто Хорхе Падрон денеска точно на пладне во Паркот на поезијата- Струга.

Хусто Хорхе Падрон, лауреат на Струшките вечери на поезијата за 1990 година, но и голем пријател на Струшките вечери на поезијата е роден на 1 октомври 1943 година, а почина на 11 април, 2021 година.

Во рамки на програмата на настанот, по официјалните обраќања ќе  бидe oдржана беседа за Хусто Хорхе Падрон и неговиот придонес како пријател на Струшките вечери на поезијата од страна на нашиот истакнат универзитетски професор и поет Иван Џепароски, по која следува читање на поезијата на лауреатот. Специјални гости на настанот се членовите на најблиското семејство на лауреатот: неговата сопруга Клементина Филипова де Хорхе Падрон, и Лара де Хорхе Филипова, нивната ќерка.

Сподели