„Народен пратеник“ и „12“ на МНТ на турнеја во Подгорица, Сараево, Нови Сад

Со претставата „Народен пратеник“ во режија на Егон Савин, Македонскиот народен театар утревечер ќе ја започне својата турнеја во регионот, дел од одбележувањето на јубилејот 80 години од основањето. На истата сцена, на 9 април, ќе биде изведена претставата „12“ на Синиша Евтимов. Предвидени се два блока на гостувања, надвор од границите како и во нашата земја.

По Црна Гора, следува настапите во Сараево, Босна и Херцеговина, на 11 и 12 април. На 15 април со претставата „12“, МНТ ќе биде дел од фестивалската програма „5РЕ“ во Велес. Огромна чест е да се учествува на 70. „Стериино позорје“, Нови Сад, каде што на 1 и 2 јуни пред новосадската публика ќе се одигра претставата „Народен пратеник“.

Претставата „12“ на 17 јули ќе биде дел од програмата на „Охридско лето“, а истата ќе биде изведена на сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“.

Во вториот блок, во текот на септември предвидено е гостувањето со претставата „Ничија земја“ од Данис Тановиќ, во режија на Александар Морфов, во Националниот театар, Будимпешта, Унгарија. Гостувањето во театарот „Иван Вазов“, Бугарија ќе се случи наесен,  со претставата „Народен пратеник“.

Сподели