Детска крос трка во Градскиот парк во Скопје

Детскиот културен центар ,,Карпош’’ денеска во 11 часот она тартан патеката во Градскиот парк во Скопје организира крос трка по повод Меѓународната недела на здравјето. Во оваа спортска манифестација учествуваат дечиња од градинките од градот и околината.

Трката ќе се трча на 250 м. во мешана категорија, момчиња и девојчиња. Исто така ќе се трча и штафетно трчање 200 метри 4×50 метри.
Целта на оваа манифестација е да го одбележиме меѓународниот ден на здравјето и да испратиме порака: „Спортувањето и здравиот начин на живеење ќе придонесат за долг и здрав живот.

Сподели