Најуспешните старт-ап и етаблирани иновативни компании од земјите од Западен Балкан ги презентираат своите иновативни решенија и ги пренесуваат своите искуства на регионалниот Форум (Western Balkans Butterfly Innovation & Business Forum) кој се одржува во Скопје, во хибридна форма. Координатор на Европската мрежа на бизнис можности е Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
– Поддршката во овој процес покрај претприемачите и истражувачите, ја имаат и студентите кои имаат повеќе можности во рамките на Универзитетот да добијат информации и можности да ги реализираат своите идеи, да бидат успешни претприемачи и да стекнат знаење да основаат компании. Впрочем скоро секој успешен претприемач и иноватор во животот бил и студент – велат ид УКИМ.
Во рамките на Универзитетот успешно работат три такви пункта: Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ, Бизнис Акцелераторот УКИМ и мрежата Enterprise Europe Network каде УКИМ е национален координатор и заедно со Стопанската комора и Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување.
– Така даваме можност студентите и компаниите да добијат услуги за основање и поддршка на стартапи, компаниите да се вмрежуваат со останати странски компании во деловната средина, да ги презентираат своите иновативни решенија, да пронајдат нови пазари на европско и меѓународно ниво или да учествуваат на отворените повици од програмите Хоризонт Европа или Еразмус+ – велат од УКИМ.





