„Најново нормално“ во фантастичниот свет на Васко Ташковски

И оваа сабота историчарката на уметност Бојана Јанева ќе одржи кураторска едукативна тура низ ретроспективната изложба на академикот Васко Ташковски во Даут-пашиниот амам во Скопје. Овојпат проeктот наречен „Најново нормално“ го нуди „Сонот на Ташковски“ – кураторски едукативни разгледувања за деца од 6 до 10 години и од 11 до 16 години, во придружба на родител/и или старател/и. Првата тура утре ќе се одржи од 11 до 12.30 часот (за помалите деца), а втората е од 13 до 14.30 часот.

– Идејата е преку прашањата од водичот децата да се поттикнат да ја доживеат сликата преку нивната фантазија – велат организаторите.

„Најново нормално декември“ е проект на Институтот за култура и уметност „Арс акта“- Скопје во соработка со Националната галерија на Македонија. Цената е 350 денари од дете, со вклучена влезница во НГМ. Цената е со попуст за семејства со две деца (вкупно 500 денари) или три деца (вкупно 600 денари). Повеќе за условите прочитајте ТУКА.

Сподели