НАЈЧИТАНИ ВО 2023: „Македонисимо“ одекна на светската оркестарска премиера во Виена

„Музика која ги отвора ушите и срцата“, беше најавен големиот настан за македонската музичка уметност: светската премиера на оркестарската верзија на музичкиот проект „Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите, во најпрестижната светска концертна сала „Музикферајн“ во Виена. Тие настапија заедно со австрискиот Тонкунстлер оркестар и диригентот Јутака Садо од Јапонија. Ова е настан што на квинтетот му донесе многу возбуда, среќа и гордост, изјави Трпчески за МРТ.

– Се случи нешто што засекогаш ќе остане во аналите на историјата на македонската интерпретативна уметност. Возбудата е дотолку поголема што добивме уште една димензија на проектот „Македонисимо“ што Панде Шахов овој пат го обои во најразлични оркестарски бои за поинаква звучна слика. Со желба изведбата да донесе уживање и за самиот оркестар, тој ја направи оркестрацијата многу внимателно. Во секој случај, незаборавно е чувството кога грмна тапанот и низ „Музикферајн“ се разлеаа корените на македонската нација – видно инспириран изјави Трпчески.

Целиот текст на линкот.

Сподели