НАЈЧИТАНИ ВО 2023: Археолозите повторно нурнаа во Врбник во Охридското Езеро

Бројна кујнска и керамика за складирање, а поретко трпезна керамика открија подводните археолози во куќа што ја истражуваа палафитната населба на локалитетот Врбник кај Струга од 7 и 6 век пред новата ера, соопшти Археолошкиот музеј во Скопје. Покрај керамика археолозите откриле и повеќе метални наоди и артефакти од камен, бронзен накит, малку зооархеолошки материјал. Тие земале и примероци од дрвените колци за дендрохронолошка анализа.

Истражувањата се одвиваа од 10 август до 10 септември. Со проектот раководеше м-р Валентина Тодороска – подводен археолог и д-р Александра Папазовска, археолог – кораководител.

Ова беше еден од најчитаните текстови на Умно.мк лани. Целиот текст прочитајте го на линкот.

Сподели