Четвртата Зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ во Скопје ќе се одржи онлјан од 22 до 26 јануари. Наставата ќе се одвива во две секции: македонски јазик (лекторски вежби) и македонска книжевност и култура (предавања, лекторски вежби и преведувачка работилница). Покрај наставата, ќе има и три средби со познати македонски писатели.
На школата ќе учествуаат македонисти, слависти, балканолози, филолози, раководители на катедри на универзитетите во странство, предавачи, лектори, студенти и афирматори на македонистиката во светот.
Подготвителен работен состанок одржаа лекторите по македонски јазик, директорката на Семинарот, Кристина Николовска и леторите Борче Арсов, Бобан Карапејовски, Бојан Петревски и Марија Пандева.