Проектот за игран филм во фаза на постпродукција „17“ во режија на Косара Митиќ во рамките на програмата CineLink Work in Progress на 31. Сараевски филмски фестивал, каде ја освои наградата „Аванпост медиа“ за постпродукциски услуги во вредност од 30.000 евра. Ова беше прво претставување на проектот пред меѓународната професионална јавност, па освоената награда е уште една потврда за неговиот потенцијал, а исто така уште еден доказ за добрата проценка на оваа продукциска куќа и чекор натаму кон остварувањето на нашата главна мисија – реализација на филмски дела на таленти во подем со впечатлив авторски пристап.
„Аванпост медиа“ е студио со седиште во Букурешт, кое важи за лидер во Романија и Источна Европа во услуги за филмска продукција и постпродукција. Преку согледување на уникатниот идентитет на проектите на кои работи и располагајќи со капацитети за сите сектори под еден покрив, ова студио обезбедува сеопфатен, интегриран работен тек што ја истакнува посебноста и креативна визија за секој поединечен филм.
„17“ е копродукција меѓу „Црна мачка продукција“, Art&Popcorn од Србија и December од Словенија и е направен со поддршка од SEE Cinema Network, македонската Агенција за филм, Филмскиот центар на Србија и Словенечкиот филмски центар со „Виба филм Љубљана“.





