Македонскиот независен филм „Te dua, жими мене“ ја доби наградата од публиката на Tirana European Youth Film Festival. Филмот беше едногласно одбран како најдобар од 9-те филма во официјалната интернационална програма.
Tirana European Youth Film Festival е интернационален филмски фестивал кој се залага за афирмација и презентација на европските филмови. Годинава покрај Оваа година покрај„Te dua, жими мене“ во официјална селекција беа и филмови од Шпанија, Полска, Италија, Косово, Франција, Финска и Албанија.

„Te dua, жими мене“ е комедија во режија на Марјан Гавриловски, а по сценарио на Никола Кузелов. Домашна премиера е закажана за 22 септември во киното „Синеплекс“ во Скопје по што ќе се емитува на редовниот репертоар.
Приказната следи квази-фраер, коцкар и хармоникаш кои трудејќи се да ја вратат назад купената жена од Албанија стануваат дел од мафијашка зделка и мораат да се справат со низа на несекојдневни ликови. Главните ликови ги играат: Никола Кузелов, Атанас Атанасовски, Валентин Видовиќ и Ангела Стојановска, а се појавуваат и Игор Џамбазов, Тони Михајловски, Владо Јовановски, Сенко Велинов, Мими Таневска.





