Национална конференција во рамките на проектот „СМАРТ Балкан“

Во хотелот „Александар Палас“ во Скопје утре во 9.30 часот ќе се оджи втората Националната конференција во рамки на проектот „СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан“ што ја организира Центарот за истражување и креирање политики – ЦИКП. Петнаесет минути претходно (9.15 часот) изјави за медиуми ќе даваат Марија Ристеска, извршна директорка на ЦИКП, Хане Мелдгард, заменичка шеф на мисија на норвешката амбасада во Белград и Методија Димовски, генерален секретар на Владата. Фокусот на панел дискусијата на годинашнава конференција ќе биде на управување со кризи и јакнење на локалните капицитети за спречување на насилство и насилен ектремизам. Ќе бидат потпишани и договорите за грантови во висина од 30.000 до 50.000 евра од грантовата линија – Национални интервенции со четири граѓански организации, а ќе бидат споделени и информации за претстојниот повик за регионални грантови.

Проектот СМАРТ Балкан, финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка со грант од над 17 милион евра, тековно се спроведува од почетокот на 2022 година од страна на конзорциумот на организации: Centar za promociju civilnog drustva (CPCD), како водечки партнер, Центар за истражување и креирање политики (ЦИКП) од С. Македонија и Институт за демократија и медијација (ИДМ) од Албанија. Главната цел на проектот е да придонесе кон зајакнување на партиципативните демократии и евроатлантските интеграции во Западен Балкан преку јакнење и поттикнување на граѓанските организации (ГО) и мрежите на ГО за посилна и поактивна улога во процесот на создавање на мирни и инклузивни општества за одржлив развој на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, С. Македонија и Србија.

Сподели