Во Младинското друштво „Соуллрафт“ во Скопје (Бул. „Илинден“ бр. 9) вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Емотивни пејзажи“ на сликарот Тони Попов и историчарката на уметност Јасмина Котевска. Изложбата поставува прашања: Колку сме подготвени да се соочиме со туѓата, но и со сопствената емоционална голотија? Дали во туѓиот портрет препознаваме дел од себе и дали уметноста може да биде безбедно место за ранливост исто како и пријателствата?
– Ова е топол, интимен сликарски разговор помеѓу двајцата автори. Тој ја поттикна да се охрабри да твори, а таа му ја врати желбата да истражува и експериментира – вели Николина Атанасоска.





