Мони Дамевски нов директор на „Браќа Манаки“

Актерот Симеон Мони Дамевски е новиот директор на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Тој бил едногласно избран на вчерашното свечено собрание на Друштвото на филмските работници на Македонија, основач и организатор на фестивалот.

– Мони Дамевски ја презентираше предлог програмата на фестивалот и се заложи дека ќе работи на зачувување на угледот што го има фестивалот – соопштија од ДФРМ.

Според статутот на Друштвото, мандатот на Дамевски ќе трае две години, односно во наредните две изданија на „Браќа Манаки“.

 

Сподели