Осмоодделенката Дариа Милошеска од ПСУ „Јахја Кемал“ е меѓу 24-те ученици од цел свет што се пласираа во финалето на Меѓународниот фестивал за јазик и култура Colors of Voices, што годинава се одржува онлајн. 19.издание на натпреварот ќе се реализира денеска, а Дариа ќе настапи со песната „Ако згрешам, нека изгорам“. Дариа ќе ја покаже својата страст и ентузијазам кон музиката да биде прва и да ја направи нејзината земја попозната. Натпреварот ќе се реализира вечерва во 20 часот по македонско време, а истиот ќе може да се гледа на јутјуб-каналот на IFLC. На следниот линк можете да гласата, најдоцна до 28 јуни до 10.30 часот.

Финалистите на натпреварот, на кој 24-те ученици беа пласирани во финалето, ќе бидат одредени со јавно гласање и жири-комисија составена од професионален тим. Покрај жирито, љубителите на уметноста ќе можат да гласаат за кандидатот што сакаат, преку линкот за гласање што ќе се подели по завршување на натпреварот. Линкот за гласање кој ќе биде споделен на крајот на настапите ќе остане отворен приближно 10 часа. Во овој период, оние што сакаат да гласаат ќе можат да ги оценуваат учениците со 5 ѕвезди. Младите таленти ќе ги испеат своите последни песни на мајчин јазик и ќе носат автентична народна носија.
Финалето на натпреварот за песна ќе биде ирзведено со величествен настан. Меѓународниот фестивал за јазик и култура (IFLC) оваа година ќе користи целосно дигитални фази, 2Д-3Д визуелни ефекти и техники на зелен екран на аудио-натпреварот.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.