Млади во Битола низ танц учат повеќе за француската култура

Францускиот кореограф Давид Ролан неколку дена е на гости во Македонија каде одржува обука за наставниците по француски јазик, како и за учениците од Битола, Ресен, Прилеп, Скопје и Гостивар. Неговото гостување е дел од регионалниот проект „Месец на француската култура во Битола – Танц“. Се работи за активноста „Учиме и создаваме поинаку“, поддржан од Министерството за надворешни работи, кој нуди иновативен пристап кон изучувањето на францускиот јазик на забавен и креативен начин, како и модернизација на сликата за Франција меѓу младите луѓе.

Центарот за културна деконтаминација и Француската алијанса во Битола се партнери на проектот.Деновиве беа одржани обуки во битолската гимназија, како и во основните училишта „Даме Груев“ и „Стив Наумов“. Во посета на проектот и училиштата присуствуваа и директорот на Францускиот институт во Скопје, Иго Бештел и почесниот конзул на Франција во Битола, Калиопа Кривашија.

Сработеното од работилниците учениците ќе го покажат на завршниот настан во паркот кај Саат-кула во Битола, в сабота (21 октомври) во 13 и 15 часот, насловена Happy manif (Les pieds parallèles).

Сподели