Млади учеа за креативно пишување на Фестивалот на прозата во Куманово

Учениците од средните училишта од Куманово се запознаваа со техниките на пишување и начинот на кој настанува едно книжевно дело во рамките на работилницата по креативно пишување што вчера се одржа во рамките на Фестивалот на прозата. Работилницаа ја водеа Јорданка Белева од Бугарија и Живко Грозданоски од Македонија. Авторите со нивното искуство направија и прикажаа неколку вежби во кои интерактивно се вклучија присутните млади од работилницата при што ги покажаа своите креативни способности за кратко време да напишат и создадат текст. Младите беа задоволни од текот на работилницата на која научија што се важно за еден писател започне со пишување на своето прво дело.

На настанот присуствуваа и младите од Книжевниот клуб Куманово кој функционира и создава во рамките на Центарот за култура.

Во текот на завршниот ден кога е затворањето на Фестивалот на проза исто така се одржа и работилница за најмалите што ја водеа Владимир Лукаш и Искра Димковска кои на еден креативен начин им ја доближија литературата преку игра и креативни вежби.

Сподели