Младинскиот културен центар го поништи конкурсот за идејно графичко решение за јубилејот „50 години МКЦ“ откако јавноста два пати реагираше дека двете избрани решенија не се авторски. Пред неполна недела МКЦ соопшти дека за најдобро е избрано решението на Милан Димитриев. По коментарите на социјалните мрежи дека делото е многу слично со дело на американскиот уметник Кит Харинг, МКЦ го избра второрангираниот кандидат – Гоце Велески. Јавноста повторно реагираше дека ни ова решение не е авторско.

Идејно-графичко решение на Милан Димитриев
Од МКЦ велат дека имале искрена намера – да ја вклучат јавноста во прославата на јубилејот низ целата 2022 година.
– Како многу пати до сега, сакавме да ги вклучиме пред сѐ младите автори и преку формат на конкурс да избереме решение, кое сите заедно ќе нѐ обележи, поврзе, обедини и радува. Но, со оглед на ситуацијата и двојбата што произлезе по објавување на прворангираните решенија и враќањето на позитивната енергија и самиот јубилеј, програмскиот колегиум на МКЦ донесе одлука да не направи избор на идејно решение од апликациите и да го поништи конкурсот – велат од МКЦ.

Идејно-графичко решение на Гоце Ристески
Наградата изнесуваше 50.000 денари. Тие се заблагодарија на учеството на сите 51 апликант. За сега нема најава дали конкурсот ќе бде повторно распишан.





