Мирисот на пролетта е мирис на нова книга – почнува 35. Саем на книга

„Мирисот на пролетта“ е мотото на 35. издание на најголемата манифестација посветена на книгата Саемот на книгата. Во седумте претстојни денови ќе се слави убавината на пишаниот збор , ќе учествуваат 60 издавачки куќи, а се очекува бројот на посетителите да достигне до 30.000.

Цената на редовна влезница ќе изнесува 80 денари, а 50 денари по лице ќе изнесува цената за организирани групи ученици. Билетите ќе бидат достапни за купување на влезот на Арена – Борис Трајковски, но секако, – и за сите љубители на дигиталните услуги, сите заинтересирани ќе можат да ги набават своите билети за саемот и онлајн преку Karti.com.mk.

Саемот ќе биде отворен официјално вечерва во 18 часот, ќе се обрати министерката за култура Бисера Стојчевска-Костадиновска, како и академик Влада Урошевиќ.

Во рамките на неколкудневната програма, се очекува присуство на голем број интересни домашни и странски автори, со промоција на нови книги во официјалниот Промотивен центар во Арената, а секако и на штандовите на издавачите се најавуваат едукативни работилници и цртање за најмладите посетители, како и средби со автори и потпишување книги.

Една од главните цели на годинешното јубилејното 35. издание на Меѓународниот Саем на книга е одбележување на важноста за зачувувањето на мајчиниот македонски јазик, како главен идентитет на народот, а за истото, програмата на Саемот ќе се фокусира и на активност и програма која ги слави познатите легенди, кои имаат оставено значителен печат во македонската книжевност. На 5 мај, во петок, во 12 часот ќе биде организирана трибина во организација на Македонската асоцијација на издавачи по повод Денот на македонскиот јазик.

Бојан Саздов, претседател на МАИ истакна дека ќе бидат организирани околу 60 настани, промоции, дебати. Со конференцијата, посочи тоа, сакаме да посочиме колку е важно да го чуваме нашиот јазик.

Саемот на книга ќе трае 10 мај 2023 година, ќе биде отворен секој ден од 10 до 20 часот, а на 18 мај, до 18 часот.

Покровител на Саем на книга традиционално е Министерството за култура.

Програмата на Саемот за денес:

11.00  – 12.00  ч. – Сликни се со Стела и Сани (Организатор:  Издавачки центар Три / Паблишер)

14.00  ч. – Потпишување со Агрон Усеини (Организатор:  Издавачки центар Три / Паблишер)

15.00  ч. – Потпишување со Катерина Ангелеска (Организатор:  Издавачки центар Три / Паблишер)

16.00 – 18.00 ч. – Јован Илиески (Организатор:  Антолог)

16.00 – 18.00 ч. – Маша Тодевска (Организатор:  Антолог)

17.30 ч. – Настан со илустраторите на Арс Ламина (Наталија Лукомска, Иванка Ниба, Јована Велинова-Трајанова, Калиопи Трпчева) (Организатор:  Арс Ламина / Литература)

19.00  ч. – Книжевна забава (Организатор:  Издавачки центар Три / Паблишер)

Сподели