Граѓаните на Македонија денеска ќе ги бојкотираат маркетите, по примерот на Хрватска и други земји во регионот. Незадоволни од превисоките цени на храна и другите основни производи за живот кои постојано растат, многу граѓани најавуваат дека денеска нема да влезат во продавниците.
– Имаме најниски плати, а купуваме најскапа храна – редовно коментираат граѓаните.
Во изминатите месеци Владата ги ограничуваше маржите и цените на одредени производи на одредено време, но по завршувањето на одредбата цените повторно растеа. Минимална бруто плата во моментот изнесува 33.352 денари, а во нето – 22.567 денари.
Фото: Принтскрин





