По кратко боледување денеска во Скопје на 42 година почина новинарот Ѓорѓи Томиќ. Тој долги години беше дел и од редакцијата на Канал 5 од 2007 до 2018 година, каде работеше како уредник во информативната редакција. Во новинарската кариера следеше настани од надворешната политика. Колегите ќе го паметат како добар новинар и голем другар.
Својот професионален ангажман подоцна го продолжи во маркетинг секторот, работејќи во секторите за односи со јавност.





